Јапонскиот „крал на туната“ купил риба од 276 килограми за еден и пол милиони евра

Рибата вредна 193 милиони јени е, всушност, црвена туна уловена во северна Јапонија.

252

Јапонскиот бизнисмен Кијоши Кимура, инаку стручњак за суши и познат како „кралот на туната“, плати 1,5 милиони евра за џиновска туна на новогодишна аукција во Токио.

Кимура, меѓу другото, е сопственик на синџирот ресторани „Суши Занмај“. Рибата вредна 193 милиони јени е, всушност, црвена туна уловена во северна Јапонија.

– Ова е најдобрата туна. Да, скапа е, но сакам моите клиенти одлично да се гостат и оваа година, изјави Кимура.

На бизнисменот веќе, се чини, и му стана навика да плаќа рекордни цени на новогодишниот панаѓур и наддавањата во Токио. Минатата година тој од својата сметка издвои 2,7 милиони евра за 278 килограми тешка туна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...