Повеќе од 28 отсто од населението во Јапонија сега официјално се класифицирани како стари лица, според податоците на владата, што е највисока стапка во светот.
Оние на возраст од 65 години или постари сега се рекордни 35,6 милиони или 28,1 отсто од вкупното население, соопшти владата.
Процентот е највисок досега во светот, многу пред 23,3 проценти во Италија, 21,9 проценти во Португалија и 21,7 проценти во Германија, според податоци на ООН за тие земји.
Владата, соопшти дека оние на возраст од 70 или повеќе години учествуваат со 20,7 отсто од населението, што за првпат надминува 20 проценти.
ФОТО: EPA/FRANCK ROBICHON