Јапонија се враќа на ловењето китови во територијалното море

58

Јапонската Влада денеска објави дека се повлекува од Меѓународната комисија за китолов и најави повторно ловење на китовите во јапонско територијално море и економскиот појас.

Владата соопшти дека во јули повторно ќе почне со комерцијален китолов, јави ДПА.

На годишната конференција на Меѓународната комисија за китолов во септември во Бразил, Јапонија предложи да се укине 32-годишната забрана за китолов, но предлогот беше одбиен. Тогаш јапонскиот заменик-министер за рибарство Масаки Танаил рече дека Токио мора да ги разгледа сите опции.

Јапонската Влада е под притисок на своите рибари кои бараат обнова на комерцијалниот риболов.

Меѓународната комисија за китолов во 1986 година договори мораториум за комерцијален китолов со цел да се заштити популацијата на китови, кои беа на работ на исчезнување, но без оглед на тоа, во Јапонија годишно се убиваат околу 450 китови, наведува ДПА.

Едностраната одлука на Јапонија предизвика критики во меѓународната заедница.

Министерот за надворешни работи на Нов Зеланд Винстон Петерс ја поздрави одлуката на Токио за запирање на китоловот во Јужниот Поларен Окаен, но рече дека е разочаран од решението за обнова на китоловот во јапонскиот ексклузивен економски појас.

Австралија побара Токио да се врати во Комисијата, а министерката за заштита на околината Мелиса Прајс изрази разочараност од одлуката на Јапонија.

Меѓународната организација за заштита на околината Гринпис истакна дека јапонската одлука е спротивна на ставот на меѓународната заедница и оти е посебно противреќна на „потребата од заќувување на иднината на океаните и тие величенствени суштества“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...