По информацијата дека полицијата извршила претрес во домот на режисерот Јани Бојаџи во Струмица, тој преку социјалните мрежи го потврди ова. Тој информира дека неговиот 75-годишен татко е во полициска станица приведен и притоа никој не разговарал со него.
– Почитувани, да, утринава во домот на моите родители во Струмица е извршен претрес и после неколку часа мојот татко Андони (75) е донесен во Скопје и приведен во полициската станица во Гази Баба. До овој момент со него не разговарал полициски инспектор, обвинител или судија! Ви благодарам на подршката на сите вас кои денес од раните утрински часови бевте со мене и моето семејство.Да сте живи и здрави. Се гледаме за помалку од час во Кино Милениум.Татко ми со мислите ќе биде со сите нас!“, напиша Бојаџи на својот профил на Фејсбук.