Јадењето домати, кељ, блитва и авокадо може да биде опасно кај некои здравствени проблеми

Кај некои здравствени состојби одделни, инаку здрави и добредојдени намирници, можат да ја влошат состојбата и да му наштетат на здравјето.

1183

Познато е дека исхраната богата со зеленчук е исклучително здрава и го намалува ризикот од појава на рак и го штити здравјето на срце. Но дали знаевте дека кај некои здравствени проблеми може да биде опасно.

Прочитајте во кои случаи би требало да ја намалите или да избегнувате консумирање домати, спанаќ, шпароги

Ако имате киселини: проверете дали ви штетат доматите

Засега уште неидентификувана материја во доматите и во производите врз база на домати може да предизвика киселини, да го поттикне гастроезофагеалниот рефлукс. Затоа оние кои страдаат од тој проблем би требало на две или три недели да ги исфрлат доматите од исхраната за да проверат дали состојбата ќе им се подобри.

Лекови за разредување на крвта: бидете внимателни со лиснатиот зеленчук

Ако земате лекови за разредување на крвта, како Варфарин, многу е важно да одржувате константно ниво на витамин К во крвта. Имено, наглото зголемување на нивото на тој витамин во крвта може да го намали дејството на лекот. Тоа значи дека е важно да се биде внимателен кога станува збор за внесување на зеленчук во организмот, зашто зеленчукот е наш главен извор на тој витамин.

Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...