Јадете круши!

Ова овошје помага за спречување на надуеноста, одржување на здравото ниво на холестерол, а добри се и за превенција на рак од дојка, срцеви болести и дијабетес тип 2.

735

Кога ќе дојде есен, главни ѕвезди се јаболките и тиквите, но многу често се случува да ги заборавиме крушите

Иако можеби не се најпопуларна есенска намирница, има бројни причини зошто не би требало да ги занемариме.

Крушите не се само сочни и вкусни, туку се и една од најздравите есенски намирници.

Тие изобилуваат со влакна, па помагаат за спречување на надуеноста, одржување на здравото ниво на холестерол, а добри се и за превенција на рак од дојка, срцеви болести и дијабетес тип 2.

Крушите се извор на низа витамини – Ц, К, Б2, Б3 и Б6. Идеално овошје се за трудниците или за мајките кои дојат. Од минерали, содржат калциум, магнезиум, калиум, бакар и манган. Витаминот Ц и бакарот се антиоксиданси па една круша на ден ќе направи чудо за вашиот имунитет.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...