Кокаинот фрлен во реките јагули ги прави хиперактивни и го доведува во опасност нивниот опстанок.Траги на дрога завршуваат во реките со излачување од телата на лицата кои ги користат, и на тој начин стануваат опасен здравствен проблем за некои риби, пишува Индепендент.
Истражувањето покажало дека остатоци од илегална дрога како кокаинот, амфетамини и екстази се наоѓаат во реките и езерата ширум Европа, вклучувајќи ја и Темза.
Во новото истражување научници од неаполскиот универзитет Федерико втори ставиле европски јагули во вода која содржела мало количество кокаин, слично на пронајденото во реките и таму ги оставиле 50 дена.
Рибите потоа се однесувале хиперактивно во споредба со рибите кои ги држеле во вода без кокаин. Кокаинот се наталожил во нивниот мозок, мускулите, кожата, шкргите и на останатото ткиво. Коскеното ткиво било сериозно повредено, како и мускулите, телото потечено, а повредите не исчезнувале ни десет дена откако рибите биле извадени од водата со кокаин.
Европските јагули ги поминуваат првите пет до дваесет години во солена или слатка вода пред да прејдат повеќе од 5.600 километри до своето мрестилиште во Сарагас, во Атлантскиот океан. Од тауму нивните млади патуваат речиси една година назад во Европа.
Но, бројот на млади јагули кои стигнуваат во европа се намалил од 1980 година за повеќе од 90 отсто. Кокакинот може да предизвика заостанување во развојот на јагулите и може да го загрози нивното размножување.
множување.