Пакистанскиот Парламент вчера донесе одлука со која побара јавно бесење на осудените убијци и силувачи на деца.
„Убијците на деца и силувачи не треба да добиваат само смртна казна со бесење, туку треба и јавно да се обесат, изјави Али Мухамад Кан, пакистански министер за парламентарни работи. Тој резолуцијата ја претстави во националното собрание“, пренесе Дејли Мејл.
Последните години Пакистан беше погоден од серија злосторства на злоставување деца. Еден од најпознатите случаи беше убиството на седумгодишното девојче Заинаб Ансари.
Девојчето пред две години беше грабнато и подоцна пронајдено силувано и убиено во близина на истичниот град Лахоре. Случајот поттикна масовни демонстрации низ целата земја, а демонстрантите за обвинија владата.
Полицијата го уапси 24-годишниот Имран Алија чија ДНК се поклопи со трагите пронајдени на телото на девојчето. Бил нејзин сосед. Осуден беше на смрт и погубен на 17 септември 2018 година.