Кога станува збор за кралските семејства, навикнати сме да ги гледаме во скапи, елегантни костими или фустани.
Со оглед на сите претпазливи мерки и криења на локациите каде што патуваат, малкумина имаат можност да ги видат членовите на британската монархија во костими за капење.
Но, секое правило има исклучок, па така папараците успеале да ја уловат војвотката од Корнвол, Камила Паркер, на плажа!
Таа во моментот се наоѓа на четиридневна турнеја на Барбадос каде што заминала со сопругот принц Чарлс наместо кралицата Елизабета.
Камила решила да одмори од кралските обврски и ја искористила паузата за да поплива малку во тиркизните води на Карипското море, во едноделен син костим и тоа без сопругот, кому не му годат сонцето и солената вода.
Фото: Профимедиа