Јавните објекти кои поставија фотоволтаици вкупно заштедиле 190.000 евра

240

Вкупно 108 јавни објекти во 36 општини кои во изминатиот период поставиле фотоволтаици заштедиле меѓу 28 и 82 отсто од парите наменети за потрошувачка на електрична енергијa или заштедиле вкупно 190 илјади евра. Ова беше речено на денешната презентација на Проектот за проектирање и поставување на фотоволтаични системи финансиран со кредит од Светска банка и домашни пари во износ од 23 милиони евра.

– Фотоволтаичните системи се поставени на објекти на вкупно 68 училишта, од кои 11 за средно и 57 за основно образование. Од нив, 58 фотоволтаични системи се поставени на училишните згради и 10 на спортските сали при училиштата. Шест се поставени на детски градинки, 18 на општинско-административни објекти,  на домови на култура, на спортски општински сали на здравствен дом, територијална единица за противпожарна заштита и тренинг центари – рече премиерот Зоран Заев за време на денешната промоција.

За намалување на трошоците за електрична енергија како што рече Заев, кај јавните субјекти инсталирани се 3 фотоволтаични системи на пречистителни станици за отпадни води и тоа во Берово, Кичево и Македонски Брод, како и 4 системи на фабрики за вода за водоснабдителен систем (Штип, Струга-Шум, Гостивар и Тетово) и една пумпна станица за водоводен систем во Карбинци.

Министерката за финансии Нина Ангеловска соопшти дека најголеми заштеди има кај објектите кои работи 24 часа и се голем потрошувач.

– Заштедите во потрошена електрична енергија може да изнесуваат од 28 до 82 отсто, или 45 отсто просечно месечно, односно 1.000 евра по објект за месец. Кај осумте вакви објекти со вградени фотоволтаични системи, заштедата годишно може да изнесува 96.000 евра.

Според неа, во јавните објекти од типот на општински-административни згради, училишта, градинки културни домови заштедите во потрошена електрична енергија месечно може да изнесуваат од 20-76 отсто (просечно 45 отсто) што изнесува 80 евра по објект месечно.

Ангеловска најави и нови инвестиции во овој сектор.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...