Јавниот дол лани бил 47.6 отсто во однос на БДП

104

Министрите на денешната седница го прифатија и годишниот извештај на Министерството за финансии за управување со јавниот долг на Македонија за 2017-тата година.

Според извештајот, јавниот долг на крајот на 2017 година изнесувал 4.786.9 милиони евра што претставува 47,6 отсто во однос на БДП. Од оваа сума, 3.187.5 милиони евра отпаѓаат на надворешниот, додека 1.599.4 милиони евра на внатрешниот јавен долг.
Државниот долг на Република Македонија на крајот на 2017 година изнесувал 3.958,5 милиони евра односно 39.3 отсто во однос на БДП. Со ова ниво на државен долг Република Македонија и натаму останува умерено задолжена земја со државен долг кој е далеку понизок од просечното ниво на долг на земјите на ЕУ, кој на крајот на 2017 година изнесувал 81.6 отсто.

Според годишниот извештај на министерството за финансии бројот на вработени во 2017 година се зголемил за 2.4 отсто, односно за околу 17 илјади лица споредено со 2016-тата година. Зголемување од 2.6 отсто на номиналната основа и раст од 1.2 отсто на реална основа, лани бележи и просечната нето/бруто-плата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...