Иако другите видови оцет какви што се белиот оцет, балсамико оцетот и црвениот вински оцет, се користат главно во кулинарството, јаболковиот оцет се користи пред сѐ, во здравствени цели. Хипократ рекол дека го користеле како лековит тоник, а американскте војници го користеле за борба против лошото варење, воспаление на белите дробови и скорбут.
Во 1958.година доктор Џарвис објавува кнга во која го препорачува јаболковиот оцет како лек за сѐ, објаснувајќи дека е необично богат со калиум (во споредба со другите извори на храна. Тој тврдл дека мешањето на јаболков оцет со мед може да ги уништ штетните бактерии во системот за варење и го препорачува како тоник за породбрување на варењето кој се консумира со оброците.
Кога се користи?
Дијабетес
Можеби најинтересен аспект на јаболковиот оцет е можната здравствена корист врз нивото на глукоза во крвта. Неколку помали студии сугерираат дека оцетот може да помогне во намалувањето на нивото на глукоза во крвта.
Прелиминарните студии на истражувачите од Универзитетот во Аризона се објавени во списанието Diabetes Care, а вршени се со испитаници со дијабетес тип 2. Истражувачите откриле дека земањето две лажици јаболков оцет пред спиење има поволно влијание на нивото на глукоза во крвта наутро.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.
Фото: Pixabey