Актерот Кристофер Давид Нот (64), ги освои симпатиите на сите гледачки ширум светот преку улогата на Џон Џејмс – Ѕверката од познатата серија „Сексот и градот“.
Од крајот на емитувањето на култната серија поминаа речиси 15 години, а Крис успешно ја брани титулата заводник и до ден денес.
Освен улогата во „Сексот и градот“, Крис беше забележан и по бројните филмски и сериски остварувања во „Ред и закон“ и „Бејби бум“, но сепак улогата на „Ѕверката’ беше таа која што ја одбележа неговата кариера. Во серијата тој глумеше опасно момче, милионер кој ужива во алкохол и цигари кој Кери Бредшо, која што ја толкуваше Сара Џесика Паркер, го засака и во текот на целата серија раскинуваа и се смируваа.
Иако се сметаше дека ќе остане вечен ерген, срцето на Крис успеа да го освои Тара Вилсон со која се венча во 2012 година и имаат син. Двојката не се експонира во јавноста, а судејќи по фотографиите кои ги објавува на мрежи, актерот и во седмата деценија од животот изгледа совршено.
FOTO: Instagram/Printskrin
FOTO: Getty – The Sun