Ѕвезда во Кореја: Одбивав да дадам број на непознати, иако ми ветуваа популарност

523

Во новата епизода од емисијата „Happy Together“, членот на групата ЕХО, Сехун зборувал за тоа како го пронашле луѓето од агенцијата во која е сега.

Се случило додека тој бил во основно училиште и влегол во продавница да си купи нешто за јадење. Кога сакал да излезе, по него потрчале неколку жени.

Тие сакале да го убедат да оди на кастинг и го прашале за телефонскиот број на неговата мајка.

– Ми даваа нивни бизнис картички и прашуваа за бројот на мајка ми. Јас им реков „Мајка ми ми рече да не давам броеви на странци“ – рекол Сехун.

Жените не се откажале, па го следеле Сехун додека си оди накај дома. На крај, тој се откажал и им го дал бројот.

Сега Сехун е дел од една од најпознатите музички групи од Јужна Кореја.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...