Ѕвездата на филмот „Такси“, францускиот актер Семи Насери (57), побарал медицинска помош кога во ноќта помеѓу 4 и 5 август бил претепан во еден ноќен клуб во Москва, пренесуваат руските медиуми.
Семи во клубот бил со својот брат, а поради инцидентот со другиот гостин кој го удрил со тупаница бил принуден да го напушти ноќниот клуб.
Францускиот актер веднаш побарал помош, откако бил физички нападнат и исфрлен, во Истражувачкиот институт во Москва.