Ѕвездата на серијата „Сексот и градот“, актерката Кристин Дејвис, посвои син. Таа веќе ја има ќерката што ја посвои во 2011 година.
Актерката, која е најпозната по улогата на слатката Шарлот, која исто така мака мачи со потомството во серијата, веќе ја има ќерката Џема Роуз. Кога станала нејзина мајка, рекла:
„Многу долго тоа го сакав и се чувствувам навистина благословено.“
Веста дека посвоила уште едно дете Кристина не ја потврдила официјално, но странските медиуми наголемо пишуваат за тоа.
Педесет и тригодишната актерка никогаш не се мажела, а неодамна се одлучила да го прошири семејството, за кое не се знае многу. Веста за посвојувањето на својата страница на Фејсбук ја објави новинарот за славните Марк Малкин, а самата Кристин сè уште не се огласила.
– Ти велат дека на почетокот мораш да се ставиш во улогата на дадилка и дека не смееш премногу да се поврзуваш, во случај биолошката мајка да се предомисли и да го посака детето назад – на овој начин Кристин ги опишала првите денови во улогата на посвоителка.
Ѕвездата на хит-серијата од деведесеттите години во медиумите отворено и често зборуваше за посвојувањето, како за самиот процес така и за односот со ќерката, која е црномуреста.