Ѕвездата на Мелроуз Плејс, Хедер Локлир подолг период имала проблеми со алкохолот и дрогата, а инцидентите се нижеле еден за друг.
Актерката бесна се нафрлила на полицајци и екипата на Брзата помош, па завршила зад решетки. Била во притвор неколку часа, а потоа ја пуштиле со кауција од 20.000 долари.
Сега медицинска сестра ја тужи 57-годишната Локлир и тврди дека ја нападнала и повредила. Настанот се случил во домот на ѕвездата во Лос Анџелес, кога некој од нејзиното семејство повикал полиција бидејќи Локлир била пијана и надвор од контрола.
Извор: српски „Курир“
ФОТО: Викимедија