Ѕанакопулос: Oдлуката на премиерот е изборите да се одржат на 7 јули

214

Одлуката на премиерот е парламентарните избори да се одржат на 7 јули поради испитите од државната матура кои завршуваат на 2 јули, рече министерот без ресор на Грција и владин портпарол Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчката телевизија „Алфа“, потврдувајќи ги информациите од утрово за кои веќе објави МИА.

– Навистина, одлуката на премиерот е изборите да се одржат на 7 јули и ова се поврзува само и исклучиво со фактот дека не сакаме на никаков начин да се наруши одржувањето на испитите, кои како што знаете завршуваат на 2 јули. Поради ова, премиерот контактираше со министерот за образование и се согласија дека во оваа фаза она што е најправилно е да одиме на избори на 7 јули – рече Ѕанакопулос.

Министерот без ресор на Грција и портпарол на грчката влада откри дека Алексис Ципрас на 10 јуни ќе го посети претседателот Прокопис Павлопулос, ќе побара од него да се распушти Парламентот и да распише предвремени избори, а земјата на избори ќе ја одведе актуелната, а не службена влада, со единствени промени во министерствата за цивилна заштита и внатрешни работи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...