Ѓуриште поправено и надградено ВИДЕО

330

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на управата за хидрометереолошки работи Ивица Тодорoвски денеска беа во посета на радарскиот систем Ѓуриште, по повод завршувањето на поправката и надградбата на радарскиот систем, информира министерството.

– Климатските промени се едни од најзначајните работи на кои што како Влада и министерство сме насочени, се со цел да креираме адаптивни мерки со кои што ќе помогнеме на граѓаните,на секторот земјоделство,фармерите , и за квалитетно следење на временските услови и превземање соодветни агротехнички мерки – истакна Николовски

По речиси пет години министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку програмата за финансиска поддршка за руралниот развој за 2018 година, обезбеди 3 милиони денари средства за поправка и надградба на радaрскиот центар Ѓуриште. Благодарение на новиот систем земјоделците ќе можат навремено да се информираат и да се заштитат од потенцијални временски непогоди.

На поправката и надградбата на радарскиот центар Ѓуриште, работеше тим од Русија
Извршена е надградба на радарскиот систем, инсталирани се нови автоматски современи радарски контролни и мониторинг единици за управување на антената по азимут и елевација. Исто така, инсталирана е и најновата верзија на софтверскиот пакет и извршена е целосна калибрација на радарскиот систем.

Поради застареност на досегашниот радарски систем на ГРМЦ Ѓуриште, од 2014 година се јавуваа чести прекини во функционирањето, а после кратко време овој радарски систем беше во целосен прекин.

Со овие поправки, сервисирања и надградби, се овозможува континуирано и квалитетно следење на облачните маси, рана прогноза и брза најава на опасни временски појави на територијата на Република Македониј

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...