Ѓукановиќ ја презеде функцијата претседател на Црна Гора

Црногорската опозиција ја бојкотираше инаугурацијата на Ѓукановиќ, кој на функцијата го замени партискиот колега Филип Вујановиќ.

58

Мило Ѓукановиќ денеска во Цетиње положи заклетва и официјално ја презеде функцијата претседател на Црна Гора.

– Се колнам со мојата чест на Уставот на Црна Гора дека должноста претседател на Црна Гора ќе ја извршувам совесно и одговорно за доброто на сите граѓани на нашата татковина. Како претседател на државата ќе се посветам на чувањето на независноста и суверенитетот на Црна Гора и нејзината афирмација како граѓанска, демократска, еколошка и држава на социјална правда, заснована на владеење на правото – истакна Ѓукановиќ во заклетвата.

Освен пратениците во црногорскиот Парламент, пред кои Ѓукановиќ положи заклетва, на свечената седница присуствуваа највисоки поранешни и сегашни државни функционери и челници на државни институции.

На седницата беа поканети и членови на Владата, верски лидери, ректори на универзитети, членови на дипломатскиот кор, нерезидентни амбасадори, воени аташеа и претставници на меѓународни организации.

Црногорската опозиција ја бојкотираше инаугурацијата на Ѓукановиќ, кој на функцијата го замени партискиот колега Филип Вујановиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...