Ѓукановиќ: Што се Црногорците, ако им „се наметнува српство“?

На седницата на огранокот на ДПС во Тиват, Ѓукановиќ им порача на граѓаните „да не дозволат злоупотреба на нивната религиозна слобода како што се злоупотребува деновиве во Црна Гора и се злоупотребува за да се урне Црна Гора“.

198

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, на седница на општинскиот огранок на неговата партија во Беране праша како треба да се чувствуваат Црногорците, доколку, како што рече, „се наметнува српство“ надвор од границите на Србија, јави РТВ Црна Гора.

– Ако сакаме да им ги гарантираме сите права на сите верници, ние сме апсолутно најдобриот можен партнер, но ако сакате да ги наметнете вашите националистички ставови врз нас, тогаш ние навистина не ги гледаме како српско прашање, туку како големосрпско прашање. Ако наметнувате српство надвор од границите на Србија, во случајов Црна Гора, како да се чувствуваме ние кои сме граѓани на Црна Гора, кои сме православни, а на национално ниво се чувствуваме Црногорци, и според последниот попис имаме 45 проценти? Што е со нас?“ – праша Ѓукановиќ.

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, претходно изјави дека со злоупотребите на верските чувства на граѓаните се сака да се урне Црна Гора и ги повика граѓаните да не бидат „дел од тоа лудачко движење“ и ги отфрли проценките дека Законот за слобода на религија е донесен заради валоризацијата на туристичките објекти.

На седницата на огранокот на ДПС во Тиват, Ѓукановиќ им порача на граѓаните „да не дозволат злоупотреба на нивната религиозна слобода како што се злоупотребува деновиве во Црна Гора и се злоупотребува за да се урне Црна Гора“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ тогаш ги коментираше зборовите на Ѓукановиќ, особено во делот дека протестите на граѓаните против законот за слобода на религија дека се „лудачко движење“ и нагласи дека тоа биле тешки пораки за Србија.

Тој рече дека не сака да се меша во црковните и особено духовните теми, но дека Православната црква отсекогаш била чувар на не само духовниот живот, туку и националното битие на Србите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...