Ѓукановиќ: Црна Гора ќе стане првата следна членка на ЕУ

263

Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ изјави дека таа држава ќе биде првата следна членка на Европската унија.

Обраќајќи се пред студентите на Оксфорд, Ѓукановиќ рече дека единствено обединета Европа е стабилна Европа. Тој истакна дека Црна Гора не е оптоварена со рокови и оти без разлика дали ќе биде или не членка на ЕУ, на своите граѓани ќе им обезбеди европски стандард.

Коментирајќи ги односите меѓу Москва и Подгорица, Ѓукановиќ посочи дека и покрај дипломатската традиција и пријателството од неколку векови, поради судирите на глобалната сцена, изгубена е можноста за Црна Гора да балансира меѓу традиционалното пријателство и одлучноста да живее во нов вредносен кодекс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...