Во рамки на фестивалот Скопско лето, во офф програмата, вечерва во Сули ан, со почеток во 21часот концерт ќе одржи популарниот српски рокер од Ѓорѓе Давид со својот бенд.
Ѓорѓе Давид дипломира на Факултетот за драмски уметности во Белград. Активно се занимава со глума, учествувал во повеќе познати филмови и театарски претстави. Исто така, бил член на музичките групи Генерација 5, Ганг, Fuzzbox, а во Скопје доаѓа со својот бенд Death saw. Од 2018г. е член на жирито на талент шоуто „Ѕвездите на Гранд“.