Ѓорѓевиќ: Србите да не се плашат од работниците на С.Македонија и Албанија

Тој кажа дека од 1 јануари граѓаните на Србија, Република Северна Македонија и Албанија ќе можат да ги преминат границите само со лична карта и веќе на граница ќе можат да се пријават за дозвола за работа.

330

Српскиот министер за труд и социјални прашања Зоран Ѓoрѓевиќ денеска изјави дека либералниот пристап кон мигрантската криза, како и отворањето на граници со Република Северна Македонија и Албанија за слободен проток на луѓе, стоки и капитал, не значи дека во Србија ќе „се населат мигранти и дека тогаш ќе нема каде да живееме“.

Тој исто така кажа дека работната сила од овие две земји нема да ги намали можностите за вработување на домашното население.

Ѓорѓевиќ во утринската програма на Хепи телевизија рече дека „малиот Шенген“, како што се нарекува договорот постигнат во Тирана, е проект што ќе го олесни добивањето на работна дозвола за работниците од земјите кои се потписнички на овој договор.

Тој додаде дека следната година Србија ќе донесе „индустриска стратегија“, со која ќе се покаже каде сака економски да биде за 50 години, и соодветно на тоа каква работна сила и е потребна.

Тој оцени дека економските миграции секогаш постоеле и дека движењето на работна сила постои низ цела Европа, а не само на Балканот.

-Ние сакаме да ја развиеме нашата земја да биде економски силна. Идејата за „малиот Шенген“ е дека повеќе нема да ви треба работна дозвола, односно тоа е поедноставен начин да добиете дозвола за работа, да работите без да чекате – изјави Ѓoрѓевиќ.

Тој додаде дека пред да се постигне договорот за „малиот Шенген“, законот предвидувал да кога една компанија сака да донесе работник кој не е од Србија, потребни биле три месеци додека тоа лице не добие прво дозвола за престој, а потоа и дозвола за работа.

Тој кажа дека од 1 јануари граѓаните на Србија, Република Северна Македонија и Албанија ќе можат да ги преминат границите само со лична карта и веќе на граница ќе можат да се пријават за дозвола за работа.

За работа во Србија граѓаните од странство, ќе можат да аплицираат исто така кога аплицираат за виза.

– Додека во амбасадата се обработува апликацијата за виза, некој од странство ќе може паралелно да се пријави и во Националната служба за вработување. Ние секогаш прво гледаме дали постои таков кадар во евиденцијата на Националната служба за вработување и приоритет ќе им биде даден на домашната работна сила – рече Ѓорѓевиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...