„Ансамб Студио Фолклор“, „Адора Инженеринг“, Универзитет за туризам и менаџмент, „Рафајловски Консалтинг“, „Специјал Продукт“, „Тинекс“,„Ендомак“, „Митковски ММ“, „Геемак Гроуп“ и „Бироком“ се годинашните добитници на признанието „Македонски квалитет 2018“ на Сојузот на стопански комори под покровителство на претседателот на Република Македонија.
Добитниците се избрани согласно прецизно воспоставените критериуми.
Годинава на свечената манифестација, во посебна церемонија доделено беше и високо признание на претседателот Иванов за исклучителен придонес и поддршка на македонскиот приватен сектор и националната економија.
Признанијата ги доделија претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов – претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) Данела Арсовска
Манифестацијата „Македонски квалитет“, се одржува секоја година во знакот на оддавање признание и промовирање на деловните успеси на македонските претставници на национален бренд за тековната година при што секоја година се доделуваат 10 признанија за Македонски квалитет.