Шумската полиција бара колективен договор за повисоки плати, Земјоделство бара пари да им купи униформи

216

Потпишувањето на Колективниот договор и зголемувањето на платите на вработените во Шумската полиција беа тема на разговор на денешната средба во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со претставници од Шумската полиција.

На средбата, инфомрираат од МЗШВ, беше договорено да се формира работна група за да се подготви Колективен договор што ќе придонесе за поголема ефикасност и зголемување на платите на вработените во Шумската полиција.

– Во Работната група ќе учествуваат претставници од Независниот синдикат на полицијата, Синдикатот на УПОЗ, како и претставници од МЗШВ. Документот кој што ќе произлезе ќе биде потпишан од двете страни – соопшти МЗШВ.

На денешниот состанок се расправало и за материјално техничките услови за работа на Шумската полиција.

– Во таа насока, веќе се спроведува процедура за обезбедување финансиски средства за купување на униформи за шумската полиција, а во фаза подготовка е и тендер од еден милион денари за внатрешно уредување на просториите на шумско-полициските станици. Воедно, МЗШВ обезбеди 60 персонални компјутери за шумско-полициските станици и набави сообраќајни елеци за вработените во Шумската полиција -потенцират од МЗШВ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...