Во подножјето на планината Фуџи во Јапонија се наоѓа темната и густа шума Аокигахара. Ова место на ужас кое наежува е познато и под името „море од дрвја“ и „шума на смртта“ – бидејќи властите таму секоја година наоѓаат околу 100 тела на самоубиени лица.
Официјално, ова е местото каде што Јапонците најчесто извршуваат самоубиство, а зошто токму тука никој не знае. Може да се претпостави дека слушнале за ова место, но бизарната традиција морало да се создаде од нешто.
Жртвите се претежно средовечни мажи, и интересно е дека на самоубиството во оваа земја се гледа како на „чин на честа“ – државата има повеќе од 127 милиони жители, а секоја година 30 илјади луѓе си го одземаат животот.
ФОТО: Јутјуб