Улиците во Франција денеска ќе бидат „окупирани“ од традиционалните синдикати, кои заеднички ќе протестираат и штрајкуваат против најавената реформа во јавната администрација и образовниот систем, јави дописникот на МИА.
Предлог-законот има за цел да го „модернизира“ статусот на вработените во јавната администрација, кои во Франција се нарекуваат функционери.
– Првпат Владата истовремено ќе се соочи со сите синдикати кои го отфрлаат предлог-законот – вели Миреј Стивала од синдикатот СЖТ.
Според неа, ова е досега „невидена ситуација“ бидејќи сите девет синдикати на јавниот сервис ја осудуваат и се против реформата, која може да се одрази сериозно врз работниците, но и за иднината на јавниот сервис.
Синдикатите веќе предупредија дека денешниот ден ќе биде само една етапа во мобилизацијата, која, според најавите ќе трае се додека Владата не почне преговори врз нови основи.
Предвидено е нацрт-законот за реформата јавната администрација да биде усвоен почетокот на летото за да стапи во сила на 1 јануари 2020 година.