Стотици медицински работници во Хонг Конг денеска почнаа штрајк со барање за целосно затворање на границата со Кина, за да се намали ризикот од коронавирусот.
Хонг Конг засега го суспендира прекуграничниот траектен и железнички сообраќај, но здравствените работници бараат целосно затворање на границата. Властите, пак, тврдат дека целосното затворање на границата е во спротивност со советите на СЗО.
Во Хонг Конг засега се потврдени 16 случаи на заразени со коронаворус.
– Ако границата се затвори во целост, нема да има доволно луѓе, заштитна опрема и соби за изолација за да можеме да се бориме со епидемијата – рече Вини Ји, претседателка на новиот синдикат на болничките работници.
Денеска штрајкуваат стотици медицински работници кои се сметаат за помошен пероснал. Синдикатот, во кои се и лекарите и медицинските сестри, од утре, исто така, влегува во штрајк доколку не се исполнат во целост нивните барања.