Штрајкувачи го блокираа производство во најголемата фабрика на Нутела, соопштија денеска претставници на синдикатот на компанијата.
Прекинато е производството во фабриката во Нормандија каде се произведуваат 600.000 тегли со чоколаден крем дневно, што е четвртина од вкупното производство.Според синдикатот, 160 од 350 вработени се во штрајк од вторникот и блокираат камиони да влезат и да излезат од фабриката.
Тие бараат зголемена плата за 4,5 отсто и 900 евра еднократен бонус додека компанијата им нуди само 1,7 отсто зголемување и бонуси од 0 до 400 евра, соопшти синдикатот. Фереро Франција соопштија дека се вклучени во „шестдневни дискусии, но синдикатот одбил сè“.
Од компанијата најавуваат разврска на случајот на суд.