Пилотите на „Бритиш ервејс“ најавија дека ќе штрајкуваат три дена во септември, што може да резултира во откажување на летовите во најмалку пет денови по ред, јави Би-Би-Си.Пилотите најавија дека ќе штрајкуваат на 9, 10 и 27 септември, бидејќи нивните барања за платите не беа исполнети.
Според Би-Би-Си, иако првите денови на штрајкот ќе бидат 9 и 10 септември, на некои патници кои имаат летови од 8 до 12 септември им било кажано дека летовите им се откажани и дека тие резервирале нови билети или побарале поврат на средства.
– Авиокомпаниите работат многу комплексно и во моменти кога има многу проблеми, може да се појави домино ефектот на летовите во други денови. Ние правиме се што можеме за да спречиме да се случи оваа не-фер акција и да ги уништи планираните патувања на нашите клиенти “, се вели во соопштението на компанијата.