Штрајкот на камионџиите ја оставија Поругалија без горива

Португалската влада воведе воведоа ограничување на купувањето гориво на бензиски станици.

47

Откако во петокот најавија посебни мерки, португалските власти денеска и службено воведоа ограничување на купувањето гориво на бензиски станици. Тоа е обид да се ублажат последиците на енергетската криза откако повеќе од 2.000 возачи на камиони и цистерни стапија во штрајк поради ниски плати.

Португалската влада се договори со револтираните возачи за обезбедување минимални залихи на гориво, но и прехранбени производи за болници и аеродроми. Ограничувањата се – 15 литри бензин за граѓани по автомобил на некои станици и 100 литри за комби и камиони.

Рестрикциите ќе траат до 21 август.

Според португалските медиуми, неколку камиони за испорака и цистерни биле под полициски надзор вчера, откако штрајкувачите ги објавија плановите за патни барикади во обид да спречат испорака на гориво на бензински станици.

Возачите на камиони, предводени од синдикатите, бараат зголемување на нивната месечна плата од сегашните 630 евра на 900 евра до 2022 година

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...