Скопските градинки од утрово не смеат да примат деца кои не ја примиле МРП вакцината. Забраната ја донесоа здравствените власти откако деца заразени од морбили има во речиси сите скопски општини. Во Скопје е прогласена епидемија на мали сипаници откако изминатите два дена биле регистрирани 12 случаи на морбили од кои 6 и официјално биле потврдени а за останатите се чекаат лабораториските резултати.
Често сме сведоци на различни мислења за вакцинирањето, а родителите се со право загрижени за здравјето на своите деца. Недоволна едукација, но и многу теории на заговор се извор на недоумиците на многу родители кога станува збор за редовното вакцинирање на децата. Родителите се исплашени поради информациите од поддржувачите на антивакциналната кампања, кои веруваат дека вакцините, особено оваа, предизвикуваат тешки болести, а меѓу другото и аутизам.
Но факт е дека благодарение на вакцоните, бројни заразни болести биле искоренети. Таков е случајот со големите сипаици, дифтеријата, смртоносна болест која ја нема веќе повеќе од 6 децении, а слично е и со детската парализа. Секако, никому не му паѓа на памет да ги укине овие вакцини, заради реалниот страв од нови епидемии. Многу животи се сочувани во последните триесетина години благодарение на вакцините против разни вируси и бактерии и тоа секако не се само приказни, туку историски факти. Актуелното случување повторно ја враќа оваа тема па решивме и ние да потсетиме за која и за каква вакцина станува збор.
Тројната вакцина МРП е комбинирана вакцина против мала сипаница, заушки и рубеола.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Pixabey