Ние сме она што го јадеме. Но, како нашата исхрана навистина нè одразува? За да дознаете, фотографот Грег Сегал патувал низ целиот свет за да фотографира деца од различни култури опкружени со нештата со кои тие се полнат себеси во текот на неделата. За 3 години, фотографот посетил 9 земји (САД, Индија, Малезија, Германија, Франција, Италија, Сенегал, Обединетите Арапски Емирати и Бразил), документирајќи ги неговите наоди во книгата „Дневен леб: Што јадат децата низ светот“.
„Јас се фокусирав на децата затоа што навиките за јадење се стекнуваат во младоста и ако не успеете да стекнете добри навики кога имате 9 или 10 години, тоа ќе биде многу потешко кога ќе бидете постари“, изјавил Грег за Bored Panda.
Вкупно, Сегал работел со околу 60 деца, од кои 52 се вклучени во книгата. „Почнав да го фотографирам мојот син и неговите пријатели од училиште во мојот двор во Алтадена, Калифорнија. Потоа го проширив ова за да ги вклучам децата од други населби во Лос Анџелес, а потоа одлучив дека проектот ќе биде подлабок со глобален опсег. Ми требаше соработник во секоја земја за да ги пронајде децата.Целта беше да се претстават разновидни начини на исхрана на секое место. Ако стапката на дебелина во дадената земја изнесуваше 25%, имав за цел да го одразам овој процент во мојот мал примерок на деца“.
Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.
Текстот и сликите се од ТУКА.