Што си кажаа Мицотакис и Павлопулос по телефон?

121
ФОТО: EPA/KOCA SULEJMANOVIC

За мерките што владата ги презема за заштита на границите, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска, телефонски, го известил претседателот на државата Прокопис Павлопулос, соопштија од кабинетот на Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Поради ситуацијата со бегалците и мигрантите, грчкиот премиер, како што претходно објави МИА, во 18 часот по локално време свика состанок на владиниот совет за национална безбедност, јави дописничката на МИА од Атина.

ФОТО: EPA/KOCA SULEJMANOVIC

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...