Што се случува во центрите за прием за деца и адолесценти во САД?

На децата на мигрантите во центрите за прием рутински и под присила им се даваат повеќе психотропни супстанции за да ја потиснат нивната траума што се затворени, а во некои случаи и одделени од нивните родители.

105

На децата на мигрантите во центрите за прием рутински и под присила им се даваат повеќе психотропни супстанции за да ја потиснат нивната траума што се затворени, а во некои случаи и одделени од нивните родители.

Ова стои во жалба на организацијата за заштита на човекови права Центар за човекови права и уставно право во Лос Анџелес поднесена во американски суд.

Децата, кои се држат во објекти како Центарот „Шајло“ во Тексас речиси сигурно добиваат такви супстанции, без оглед на нивната состојба и без согласност од нивните родители, се истакнува во жалбата.

Центарот „Шајло“ е специјализиран за малолетници со проблематично однесување и емотивни проблеми.

Жалбата е поднесена на 16 април, неколку дена по воведувањето на политиката на „нулта толеранција“ од страна на администрацијата на Трамп за раделување на деца од родители кои илегално ја поминале границата на САД со Мексико. Трамп вчера потпиша указ за прекин на оваа практика.

– Ако сте во „Шајло“, речиси сигурно ќе примате такви лекови. Така што ако некое дете било пратено во „Шајло“, откако било одвоено од родител, тогаш речиси сигурно му биле дадени психотропни супстанци, изјави адвокатот на организацијата, Карлос Холгуин.

Претставници на Службата за преместување на бегалци (СПС), која раководи со овие центри за прифаќање на деца и адолесценти, до сега ја немаат коментирано жалбата.

Земањето различни психотропни супстанции во исто време може сериозно да му наштети на детското здравје, се вели во жалбата, во која се нагласува потребата од надзор, за да се избегне употребата на овие лекови како „хемиски кошули за смирување“ наместо за лекување на вистински душевни болести.

Центрите на СПС еднострано им ги даваат овие супстанци на деца кои ги прекршиле законите на Тексас и други држави каде што се бара родителска согласност или судска наредба, се вели во жалбата.

Некои деца и адолесценти во „Шајло“ изјавиле дека наутро им се даваат девет различни таблети и шест во вечерните часови, и оти ако одбијат да ги земат, им се кажува дека ќе бидат притворени. Некои сведочат дека кога одбиле да ги земат лековите, тие биле имобилизирани и им ставале инекции, стои во жалбата.

Една мајка изјавила дека ниту таа, ниту другите членови на семејството не биле консултирани за давање лекови на нејзината ќерка, иако во „Шајло“ имале информации за да ги контактираат. Друга мајка изјавила дека нејзината ќерка добивала толку силни лекови за анксиозни нарушувања што неколку пати колабирала, се истакнува во жалбата.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...