Турската глумица Мерием Узерли, нам попозната како Хурем од ТВ серијата „Сулејман Величествениот“, се појави на црвениот тепих во Кан, и објави фотографии и видеа на својот Инстаграм профил.
Обожавателите веднаш ги забележаа нејзините пластични операции, па ја нападнаа во коментарите.
„Беше многу поубава пред операциите”, „Лицето ти е чудно”, „Боже, што си направила со усните”, „Остави го лицето и телото на мир“, „Беше прекрасна, сега си како пластична кукла” – се само дел од коментарите.
ФОТО: Инстаграм