Што пишува во дневниците и личните писма на покојниот актер Алан Рикман?

Рикман во својот дневник напишал дека е фрустриран што ликот на Северус Снејп не се развива низ продолженијата.

485

Познатиот актер ја изгуби битката со ракот во 2016 година. Во последните години од својата кариера, Рикман го препознававме како професорот Северус Снејп од серијалот „Хари Потер“. Неговите лични писма, записи и дневници, неодамна го здогледаа светлото на јавноста.

Актерот Нил Парсон изминатиот период ги собирал личните документи на својот колега. Се работи за 35 кутии во кои има дневици, разгледници и писма. Се верува дека оваа колекција чини најмалку 950.000 фунти.

Рикман во својот дневник напишал дека е фрустриран што ликот на Северус Снејп не се развива низ продолженијата:

„Ми се чини дека режисерот Дејвид Јејтс одлучи дека Снејп веќе не е интересен, односно не е примамлив за тинејџерите“, напишал актерот.

Продуцентот Дејвид Хејман му испратил разгледница на Рикман, на која напишал:

„Ти благодарам што го направи вториот дел успешен. Знам дека си фрустриран во моментов, но знај дека си неизоставен дел од филмовите. И, брилијантен си.“

Писателката Џ.К. Роулинг во неколку наврати му се заблагодарила на Рикман за неговиот придонес во оживувањето на ликот на професорот Северус Снејп, велејќи му дека успеал да го долови нејзиниот најкомплексен лик од серијалот.

Во колекцијата има писма со благодарност и од Кејт Винслет и Никол Кидман, кои се големи почитувачи на неговата актерска работа. Меѓу другите писма, пронајдени се и такви од принцот Чарлс, поранешниот британски премиер Тони Блер и екс претседателот на САД, Бил Клинтон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...