Што му се случува на машкиот мозок кога мажот ќе стане татко?

Докажано е дека мажите минуваат низ хормонални промени и дека нивното ниво на тестостерон значително се намалува. На тој начин новите татковци можат да бидат повеќе емоционално вклучени и полни со разбирање за своето бебе.

904

Изгледа дека многу работи се случуваат во мозокот на новите татковци затоа што неколку истражувања откриле дека се случуваат значајни невролошки промени кога мажите ќе станат татковци.

Покрај тоа, колку повеќе се вклучени во грижата и негата за бебињата и колку повеќе време поминуваат со своето бебе, тие промени се поизразени.

Истражувањата тврдат дека невролошката активност поврзана со жените и нивниот мајчински инстинкт не е ограничена само на жените и може да биде тригер во родителството воопшто, па така и кај мажите. Меѓутоа, се претпоставува дека ваквите резултати не би биле видливи во минатото кога мажите биле помалку вклучени во одгедувањето на детето.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pexels

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...