Што мислите за родово неутралното воспитување?

Во светот станува сѐ попопуларно полот на детето да не се открива по раѓањето, детската соба и облеката на детето да бидат во неутрални бои, а исто и играчките. Зошто станува проблем прифаќањето на половите разлики, дали со родово неутралното воспитување се прави поголема штета отколку корист, што мислите вие?

177

Од желбата за родова рамноправност и неконформизам, во некои друштвени кругови станува популарно детето од најраното детство да се воспитува на родово неутрален начин. Полот на детето не се открива по раѓањето, детската соба и облеката на детето се во неутрални бои, играчките се родово неутрални. Во тој дух е и притисокот врз корпорациите да им помогнат на родителите такашто ќе престанат да ги раздвојуваат играчките по полови.

Нема сомнеж дека е добро на детето да му се даде можност да го одбере она што му се допаѓа, без оглед на очекувањата на друштвото – било да станува збор за играчки, облека или интереси. Но научната стварност е дека е бескорисно да се третираат децата како табула раза без однапред предодредени особини. Биологијата е важна.
Огромен е обемот на научна литература која докажува дека интересирањето за одреден тип на играчки е вроден, а не условен од средината или родителските очекувања. Девојчињата главно ќе бираат играчки кои ги развиваат социјалните и вербални вештини, како кукли. Момчињата главно ќе покажат интерес за механички играчки како што се автомобили и камиони, развивајќи ги визуелно-просторните вештини.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...