Што да јадете за да потемнете, а да не изгорите

Праските се богати со витамин А, а токму како и доматите, праските ги уништуваат слободните радикали и го спречуваат настанувањето на брчките.

683

Факторот кој штити од сонцето (СПФ) се наоѓа и во храната, но како антиоксидант.

Секако сте се сретнале со информациите за тоа дека морковот е здрав за кожата, но дали знаете дека многу средства за потемнување на кожата користат токму каротеноиди, групи на соединенија во кои се вбројуваат алфа-каротен, бета-каротен и бета-криптоксантин, а ги наоѓаме токму во овој зеленчук.

За појадок подгответе сендвич со чаден филет лосос. Црвено/розовото месо е богато со омега-3 масни киселини кои го смируваат воспалението на кожата. Слично дејство имаат и сардините, пастрмката и рибиното масло кои можете да го консумирате како додаток во исхраната.

Летната кошничка за овошје и зеленчук наполнете ја со дињи, лубеници, грејпфрут и домати. Консумирањето на ова овошје и зеленчук е богато со ликопен кој и помага на кожата да се навикне на УВ-зрачењето, а ја штити од директните изгореници.

Праските се богати со витамин А, а токму како и доматите, праските ги уништуваат слободните радикали и го спречуваат настанувањето на брчките.
Кајсиите се богати со каротениоди, природен пигмент кој и ним самите им ја осигурува убавата боја која ја имаат. Тие имаат и силни антиоксидативни својства.

Маслиновото масло не нанесувајте го на телото непосредно пред изложувањето на сонцето, туку вклучете го во вашата секојдневна исхрана.

Кога сонцето ќе го достигне својот максимум, дозволете си лесен оброк со што повеќе спанаќ, блитва или брокули. Со нивно консумирање ќе го овозможите доволното количество витамин А кој штити од иритации, ја поттикнува обновата на клетките и ја подобрува влажноста на кожата.

Сварете зелен чај и ставете го во ладилник, па консумирајте го со ручекот и вечерата. Зелениот чај содржи аминокиселини и моќни антиоксиданти кои ги спречуваат воспалителните процеси заслужни за стареење на кожата.

Црвените, жолтите, портокаловите пиперки кои, освен што имаат одличен вкус, содржат и природни пигменти наречени каротеноиди. Тие имаат антиоксидативно дејство, а се извор и на витаминот А, кој ги штити клетките на кожата и го спречува оштетувањето на тенките липиди кои ги опкружуваат клетките на кожата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...