Што да јадете ако добиете труење со храна

За поблагите симптоми на труење со храна доволно е да се побара помош во некои природни препарати.

296
Blond woman with a painful expression sitting on a grey sofa at home with her hands placed on her stomach

Секој од нас е во ризичната група ако зборуваме за труење со храната, која може да биде предизвикана од бактериите, вирусите и останатите токсини во храната.

Труењето со храна може да се јави во кој било период од годината, но несомнено пикот го достигнува во топлите месеци.

Една од причините е состојбата на временските услови. Високите температури и влажноста во летниот период им овозможуваат на бактериите да се размножат многу брзо и во голем број. Штом ова ќе се случи, оној што ќе ја проба контаминираната храна многу веројатно е дека ќе се разболи. Друга причина е зголемената активност на луѓето. Во лето се зголемува бројот на луѓе кои готват надвор, одат на пикник или кампуваат. Со тоа кујнската комфорност (фрижидерот, термостатот за контролирање на готвењето, машината за миење садови) најчесто не е достапна.

Некои од симптомите се повраќање, мачнина, главоболка, вртоглавица, грчеви во стомакот, дијареа. Труењето со храната никогаш не би смеело да се игнорира!

Ако сте се отруле со храната, губите многу течности, затоа е важно тоа да се надомести, а доколку симптомите се сериозни задолжително посетете лекар.

За поблагите симптоми на труење со храна доволно е да се побара помош во некои природни препарати:

Ѓумбир
Ова е одличен лек за речиси сите проблеми со варењето. Чајот од ѓумбир можете да го испиете пред или по ручекот за да ги олесните проблемите, а другата опција е да изрендате мала лажичка ѓумбир, да ја измешате со мала лажичка мед, и таа комбинација да ја консумирате неколкупати на ден за да ги олесните симптомите.

Јаболков оцет
Освен што е речиси неизбежен додаток на некои јадења и одличен препарат за домаќинството, јаболковиот оцет ќе ви ги олесни симптомите на труењето со храната и тоа моментално. Измешајте две лажици оцет со топла вода и консумирајте ја напивката пред оброкот.

Јогурт
Јогуртот има антибактериски својства кои ќе ги смират симптомите предизвикани од труењето, покрај тоа ќе ги олеснат болките во стомакот.

Лимон
Антибактериските, антивирусните и противвоспалителните својства на овој производ сигурно ќе ви ја олеснат состојбата. Додадете неколку зрна шеќер на лажицата полна со лимонов сок три пати на ден за да ви помогне препаратот.

Босилек
Оваа билка е одлично средство за непријатностите кои ги предизвикува труењето со храната. Можете да си помогнете на неколку начини – ставете неколку капки масло од босилек во водата и консумирајте во текот на денот. Можете да ставите неколку иситнети ливчиња босилек во јогурт и да јадете три пати на ден додека болката на се смири.

Пијте многу вода
Возрасните треба да пијат од 8 до 16 чаши вода дневно, но во помали количини повеќе пати за да се спречи дехидратација. Ќе знаете дека внесувате доволно вода кога ќе почнете да уринирате нормално, а бојата на урината од темна ќе премине во нормална.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...