Што да се прави кога родителите ќе забегаат во виртуелниот свет?

Кога се зборува за прекумерна употреба на мобилните телефони, прво што ни паѓа на памет се деца кои хипнотизирано гледаат во нивните екрани и игнорираат сѐ околу себе. Но што кога родителите се тие кои го загубиле компасот? Дали сте вие од оние родители кои постојано имаат потреба да го проверуваат телефонот, Фејсбукот, Инстаграмот?

248

Mногу поретко се зборува за возрасните и за нивната опседнатост и зависност од мобилните телефони. Навистина стана незамисливо да се помине макар и еден ден без нив. Живееме во време кога фиксниот телефон во домовите е вистинска реткост, кога е сѐ онлајн. Паметните телефони ги заменија и фотоапаратите, дигитроните, будилниците, играчките и уште многу други работи. Но покрај сите тие корисни апликации, тие станаа и вистински чудовишта.

Родителите обично ги прашуваат психолозите како да му го ограничат на своето дете користењето на мобилниот телефон или пак да му го преусмерат вниманието на некоја друга занимација. Советот е всушност многу едноставен.

Кога сте дома, исклучете го Wi-Fi уредот за да не може детето да биде на интернет и тргнете ги мобилните од вашите погледи. Но родителите имаат милион аргументи и изговори зошто не можат да го направат тоа.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Photo by Jessica To’oto’o on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...