Не постои речиси човек на кого не му се случило сред уживање во оброкот, залакот наместо во хранопроводникот да оди во душникот? Ова е мошне непријатна ситуација, а може да има и трагични последици.
Присутноста на туѓи тела во дишните патишта е многу непријатно и рефлексно предизвикува кашлица. Доколку лицето не успее со кашлањето да го исфрли залакот од душникот, може да дојде до гушење. Дури и ако не дојде до гушење, храната која се спуштила по пат на хронопроводникот во белите дробови може да доведе до многу сериозни инфекции на белите дробови.
Оваа појава е почеста кај повозрасните луѓе, бидејќи како што старееме така и нашите мускули повеќе не реагираат со брзината со која тоа во младоста го правеле. Не плашете се да се закашлате ако ова ви се случи. Кашлањето е природен заштитен механизам кој ќе ви го прочисти грлото.
Во повеќето случаи ќе го решите проблемот со течности или со храната која „отишла на погрешно место“, а така што нема тоа ниту да го забележите. Исто така, може да помогне и ако испиете голтка вода.
Кога вашите дишни патишта ќе се ослободат, ќе престанете да кашлате и ќе почнете нормално да дишете. Значи, бидете концентрирани додека јадете и пиете и немојте да се обидувате да ја стопирате кашлицата. Доколку тоа често ви се случува и имате проблем со голтањето секако би било добро да посетите лекар.
ФОТО: Pexels