Што видот на кашлицата открива за тоа колку ви е загрозено здравјето

Главно кашлицата брзо поминува, но ако потрае подолго време неопходно е да побарате лекарска помош, бидејќи мора да знаете што е причината и како да се излекувате.

556

Благата кашлица не е лоша појава, бидејќи на тој начин телото се ослободува од микробите, алергените и другите несакани честички во дишните патишта.

Главно кашлицата брзо поминува, но ако потрае подолго време неопходно е да побарате лекарска помош, бидејќи мора да знаете што е причината и како да се излекувате.

Деведесот отсто од кашлиците се последици на алергија, напорна настинка, загадување на воздухот, рефлуксот или како нуспојава на некој лек. Кај некои пациенти упорната кашлица може да биде симптом на воспаление на белите дробови, хронична астма, хронични белодробни болести, белодробна фибриоза, а во некои случаи и рак на белите дробови. Упорната кашлица го попречува сонот, вашите мускули се истегнуваат, се потите и чувствувате вртоглавица. Гласот ви станува погруб, а во некои случаи бешиката попушта.

Ако имате хронична кашлица, задолжително посетете лекар затоа што упорната и долга кашлица не е нормална појава. Кашлицата предизвикана од настинка трае од честири до шест недели, а со текот на времето состојбата се подобрува. Доколку сте имале некоја тешка настинка, кашлицата ќе се подобри по шест до осум недели.

Ако имате кашлица која не е предизвикана од некоја конкретна настинка или болест, а трае подолго од осум недели – задолжително одете на лекар.

Ако кашлате гласно и интензивно тогаш тоа не е наивна состојба, особено ако кашлицата ве буди во текот на ноќта. Силната каѓлица може да биде симптом на сериозна инфекција, но секоја кашлица која ви ги отежнува секојдневните активности бара лекарска помош. Доколку станува збор за продуктивна кашлица, жолтиот или зелениот секрет укажуваат дека станува збор за некоја посилна инфекција, и е неопходна лекарска помош.

Слично е и со хроничната кашлица заради која се чувствувате изморено, имате болки во градниот кош и стомакот, но и ако бешиката ви попушта.

Крвта во исплувокот е аларм дека ви треба лекарска помош и тоа што побрзо.
Најчесто причина за ова е бронхитисот, но може да биде и бронхопневмонија, па во овие случаиу неопходно е скенирање на белите дробови.

Течењето на носот и сувото грло укажуваат на настинка, додека губењето на здивот укажува на посериозен проблем како што е астма, туберкулоза, рак на белите дробови или застој во работата на срцето. Астмата често се манифестира и со болка во градниот кош и свирење на белите дробови при дишење. Туберкулозата е придружена со губење на телесната тежина, додека отекувањето на нозете особено во лежечка положба укажува на инфаркт. Зголемената температура е сиптом на пневмонија, бронхитис или враќање на настинката. Се советува да го посетите својот лекар ако имате висока телесна температура, губите здив или чувствувате болка во градниот кош.

Извор: Telegraf.rs

ФОТО: www.freepik.com/free-photos-vectors

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...