Штити од малигни болести, делува против депресија и го намалува ризикот од хипотиреоза

Освен тоа, дињата помага и за работа на бубрезите, а од полза е и против гихт и ревматски тегоби

728

Иако ја сметаме за овошје, дињата е всушност зеленчук и во сродство е со краставиците, тиквиците и тиквите.

Се претпоставува дека потекнува од Индија, а во Кина се одгледувала уште 2000 години пред Христос. Ја јаделе и во Стар Рим, но не со премногу ентузијазам. Имено, тогашните сорти не биле слатки, па обично дињата се варела и богато се зачинувала.

Првите сорти слатка диња биле одгледани во 15.век на Средоземјето со што интересот за нив многу пораснал. Сепак, најголема популарност дињата стекнала на францускиот двор. Во текот на ренесансата наголемо се одгледувале во папската градина Канталупо, па оттука и една од нејзините најпознати сорти се нарекува ‘cantaloupe’.

Дињата се јаде свежа, се комбинира со друго овошје, а од неа се прави и интересен сладолед. Во некои делови од светот се комбинира и со месо, а најпозната комбинација е онаа со пршут.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...