Иако ја сметаме за овошје, дињата е всушност зеленчук и во сродство е со краставиците, тиквиците и тиквите.
Се претпоставува дека потекнува од Индија, а во Кина се одгледувала уште 2000 години пред Христос. Ја јаделе и во Стар Рим, но не со премногу ентузијазам. Имено, тогашните сорти не биле слатки, па обично дињата се варела и богато се зачинувала.
Првите сорти слатка диња биле одгледани во 15.век на Средоземјето со што интересот за нив многу пораснал. Сепак, најголема популарност дињата стекнала на францускиот двор. Во текот на ренесансата наголемо се одгледувале во папската градина Канталупо, па оттука и една од нејзините најпознати сорти се нарекува ‘cantaloupe’.
Дињата се јаде свежа, се комбинира со друго овошје, а од неа се прави и интересен сладолед. Во некои делови од светот се комбинира и со месо, а најпозната комбинација е онаа со пршут.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.
Фото: Pixabey