По серија од шокантни откритија во последните недели, германското издание „Шпигел“ објави нов материјал кој директно ја засега големата ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо. Станува збор за скандалот со силување, во кој е вмешан Португалецот во последниве неколку месеци.
Кетрин Мајорга беше девојката која го обвини Роналдо за силување во 2009-та година, а овие тврдења беа категорично одбиени од португалската ѕвезда. „Шпигел“, сепак откри документ, во кој се тврди дека напаѓачот ја признава својата вина и раскажува што точно се случило во предметната ноќ.
Документот бил поднесен до адвокатите на Роналдо, кои го повикале Португалецот да ги раскаже сите детали. Португалецот признал дека ја силувал Мајорга која постојано се обидувала да го запре, експлицитно наведувајќи ги зборовите „не“ и „застани“.
Покрај молбите на Мајорга кон Роналдо да запре, Португалецот продолжил додека не завршил, а потоа се извинил: „Таа рече дека не е подготвена да има секс, бидејќи штотуку сме се сретнале, но и покрај тоа ме зграпчи за пенисот“, вели Роналдо во исказот, во кој објаснува како точно се случил односот.
Португалецот споделува и што му кажала Мајорга на крајот: „Ти ме силуваше. Јас не сум како другите“. Потоа следело и извинувањето од Роналдо. Списанието тврди дека ги има сите преписки меѓу Португалецот и неговите адвокати.
Поранешниот играч на Реал Мадрид одговорал писмено, документите се над 40 страници и датираат од летото предметната година.
Роналдо сè уште не дал изјава за темата и острите обвинувања на германското издание.
Во меѓувреме Португалецот изјави дека по обвиненијата за силување се наметнало тој да ги смирува блиските, наместо тие него.