Шпанија ќе одобри престој за 400.000 Британци во случај на „тврд“ Брегзит

139

Шпанија планира да одобри престој за 400 илјади Британци во случај на „тврд“ Брегзит, објави денеска весникот „Ел паис“.

Планот предвидува дека таа мерка би важела доколку се применуваат исти одредби на Шпанците кои живеат и работат во Велика Британија.

Планот веднаш ќе биде испратен до Парламентот, кој наскоро ќе биде распуштен поради предвремените избори.

Шпанската Влада минатиот месец одлучи да вработи уште 1.375 нови јавни службеници кои ќе се занимаваат со последиците од Брегзит, посебно во областите од гранична и царинска контрола.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...