Шпанија е нервозна, бара учество во дијалогот за договор меѓу Белград-Приштина

- Шпанија стана многу нервозна, исто како и уште некои држави што не го признаа Косово - изјавил извор од ЕУ за “Блиц“.

393

Шпанија и некои од земјите на Вишеградската група на состанокот на членките на Службата на ЕУ за надворешна политика, одржан во Брисел, изразиле незадоволство затоа што не се вклучени во процесот на дијалогот меѓу Белград и Приштина, тврди белградскиот весник „Блиц“.

Според весникот, тие оцениле дека преговарачкиот процес не е транспарентен и дека имаат впечаток оти забрзано и во тајност се работи на постигнување договор за нормализација на односите меѓу Србија и Косово.

– Шпанија стана многу нервозна, исто како и уште некои држави што не го признаа Косово. Тие на состанокот отворено рекоа дека сето она што го прави Брисел во врска со конечната фаза од дијалогот Белград-Приштина е нетранспарентно, како и дека нив никој не ги консултурал, изјавил извор од ЕУ за “Блиц“.

Според истиот извор, овие земји членки на ЕУ барале да бидат информирани за дијалогот и „да бидат вклучени во последната фаза од преговарачкиот процес“.

Радио Слободна Европа претхоно јави дека некои членки на Унијата реагирале дека извштаите за дијалогот што ги добиваат од високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини биле „површни, со позитивен тон и само со оценка дека двете страни се посветени на постигнување сопфатен договор“.

Изворот на „Блиц“ тврди дека во Брисел се добива впечаток дека во врска со дијалогот се се одвива некако пребрзо, оценувајќи дека тоа се должи на фактот што Европската комисија сака да покаже некаков резултат до изборите за Европарламентот во мај идната година.

Шпанија го условуваше своето учество на неодамнешниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Софија со барање косовскиот претседател Хашим Тачи да нема третман на рамноправен шеф на држава. Шпанија, која се соочува со сепаратизам во Каталонија, е една од најжестоките противници на признавањето на Косово меѓу членките на ЕУ,

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...